KRUG na prijatelstvo- nie vo nashiot KRUG !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) е сино-зелена микроАЛГА

Go down

Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) е сино-зелена микроАЛГА Empty Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) е сино-зелена микроАЛГА

Пишување  Aqua Source Пет Мај 15, 2009 4:27 pm

Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) е сино-зелена микроалга од видот цијанобактерија. Таа е древна билка, бидејќи од самото нејзино настанување не претрпела измени. Како дива саморастечка алга опстанува во прастарото вулканско езеро во Горен Кламат (Орегон - САД).
Жнеењето на алгите најмногу се одвива во летото, поточно од месец јуни до ноември. Се сушат на ниска температура околу 30°C (специјална патентирана постапка што го гарантира квалитетот на производите). Ова се прави со цел да се зачуваат биолошки активните состојки во самата алга, исто како да е свежа. Ако процесот на сушење би се одвивал на многу ниски или многу високи температури, тие состојки би се уништиле.
Сигурно се прашувате кои се тие биолошки активни состојки во алгата што се толку значајни за нашето здравје?
Тоа се амино киселините (есенцијални - ги содржи сите и неесенцијални), чиј профил е многу сличен како кај човекот, природни хелатизирани минерали во трага, витамини, меѓу кои се издвојува витаминот Б12, бета каротин, протеини, есенцијални масни киселини, јаглени хидрати, липиди, ензими, хлорофил.
Оваа алга претставува најбогат извор на хлорофил, витамин Б12 и протеин (60%), за разлика од било која друга храна на Земјата. Само да напоменам дека оваа алга е храна, а не додаток на исхраната. AFA директно ја користи сончевата енергија, повеќе од било која друга природна храна. Позната е уште под името "храна на мозокот", поради содржината на амино киселините, есенцијалните масни киселини, витамините од групата Б и липидите.
Многу е важен фактот што активните био-состојки од оваа алга во организмот се асимилираат (искористуваат) дури 98%. Во храната што вообичаено ја јадеме, или претходно сме ги уништиле активните био-состојки (колку и да ги содржи) со пржење или варење, а и процентот на асимилирање е многу мал. Всушност, нашиот организам природно ги содржи тие активни био-состојки кои најчесто ги внесуваме преку исхраната за да го одржиме нивниот баланс што ни е потребен за зачувување на нашето здравје. Секое нарушување на тој баланс повлекува настанување на одредени болести во организмот. AFA не содржи холестерол.
Го зајакнува имуниот систем, го подобрува варењето, асимилацијата на хранливите состојки и елиминација на отпадните материи, го регулира апетитот и ја нормализира телесната тежина, го намалува нивото на холестерол во крвта, ја подобрува меморијата, концентрацијата, овозможува ментална бистрина, редуцира стрес и воземиреност, го подобрува квалитетот на косата, кожата и ноктите, а пред се, дава енергија и ја зголемува виталноста и издржливоста на организмот.
За подетални информации види:информации плус.




КАРАКТЕРИСТИЧЕН СОСТАВ НА АЛГИТЕ
Важност на амино киселини и протеини кај сино-зелените алги

/
График на споредба на ниво на
амино-киселини во човечкиот организам и кај сино-зелената алга
АМИНО-КИСЕЛИНИ ВО 1г АФА АЛГА
ЕСЕНЦИЈАЛНИ НЕЕСЕНЦИЈАЛНИ
ИЗОЛЕУЦИН 28.7 мг АЛАНИН 47.8 мг
ЛЕУЦИН 51.7 мг АСПАРГИНСКА КИСЕЛИНА 7.1 мг
ЛИЗИН 34.8 мг ЦИСТИН 1.7 мг
МЕТИОНИН 6.5 мг ГЛУТАМИНСКА КИСЕЛИНА 3.9 мг
ФЕНИЛАЛАНИН 26.8 мг ГЛИЦИН 29.2 мг
ТРЕОНИН 33.1 мг ПРОЛИН 29.6 мг
ТРИПТОФАН 7.1 мг СЕРИН 28.3 мг
ВАЛИН 32.8 мг ТИРОЗИН 19.3 мг
ПОЛУЕСЕНЦИЈАЛНИ
АРГИНИН 39.2 мг ХИСТИДИН 8.7 мг
Човечкиот организам е составен најмногу од вода. Како втора составна компонента се протеините. Протеините се составени од амино-киселини (АК-ни). Има 8 есенцијални и 14 неесенцијални АК-ни. Од овие 22 познати АК-ни се создаваат протеините. Посебно внимание сакам да Ви укажам на есенцијалните амино-киселини (ЕАК-ни), бидејќи тие не можат да се создадат во организмот како останатите и мора да се внесуваат преку храна или додатоци. Амино-киселината (АК) хистидин се смета за есенцијална само кај децата, односно полуесенцијална и мора да биде добиена преку исхраната во текот на детството и во периоди на растење. Исто така и полуесенцијалната АК аргинин е потребна во периоди на растење и врши стимулација на тимусната жлезда, потоа, во текот на бременоста, а можно и за време на стресот. Меѓутоа, помага и за зголемено согорување на масти ( губење на телесна тежина ). Изолеуцинот е ЕАК и најмногу делува на мускулите, особено редуцира тргање и тресење на мускулите. Леуцинот, како ЕАК е корисна за лекување на рани, важна е за растењето и како стимулирачки протеин синтетизиран во мускулите. Нејзиниот недостаток може да биде причина за хипогликемија кај децата поради биохемиска нефункционалност. Лизинот е ЕАК која е коцентрирана во мускулното ткиво и помага во апсорпција на калциум од интестиналниот тракт, за растење на коските и формирање на колаген, а колагенот е важен протеин на телото како основен матрикс на сврзувачките ткива, кожата, 'рскавицата и коските. Метаболизмот на лизинот зависи од витамините Б6, Б3, Б2 и Ц и од железото и глутаминската киселина. Недостатокот предизвикува редуцирано растење и намалена отпорност и доведува до зголемување на уринарен калциум. Превентивно, може да помогне кај остеопороза преку подобра апсорпција и искористување на калциум. Метионинот е ЕАК која врши дополнителна надградба на масти во црниот дроб, превентивно помага кај проблеми на кожата и ноктите, заморот, алергија и претставува антиоксиданс. Треонинот е ЕАК и претставува значаен составен дел во многу човечки протеини и е неопходна за формирање на протеини на забната глеѓ, еластин и колаген. Помага при стрес и за растење. Фенилаланинот е ЕАК и помага кај проблеми со болки во вратот, остеоартритис, реуматоиден артритис, менструални грчеви и главоболки. Се користи во третман на депресија. Триптофанот е ЕАК и помага кај несоница, забоболки, болки од канцер, а Л-триптофанот помага кај Паркинсонова болест, епилепсија и шизофренија. Позната е и како “антидепресант”. Валинот е ЕАК и нејзиното додавање може да помогне за изградба на мускули и за метаболизмот во црниот дроб.
Неесенцијалните амино-киселини можат да бидат изградени од претходно внесените ЕАК-ни. Нивното дејство во човечкиот организам е слично на дејството на ЕАК-ни, но со малку зголемен спектар на дејствување. Бидејќи, проблемите со нарушување на здравјето се јавуваат поради пореметен метаболизам, а амино-киселините делуваат на негово балансирање, логично е дека тие се едни од главните компоненти во одржување на здравјето и лекувањето.
Амино-киселините најмногу се содржат во протеинска храна - млеко и млечни производи, риба, месо, житарици, јајца, мешункасти плодови, соја итн.
Протеините се неопходни во исхраната кај човекот и животинскиот свет, меѓутоа организмот има вистинска потреба за амино киселини - составни компоненти на протеините, кои имаат и важна улога при размена на материите. Вклучени се во метаболизмот и активност на жлездите. Амино киселините се прекурсори (претходници) на многу важни микромолекули како допамин, нор - епинефрин, серотонин и многу други супстанции неопходни за добра здравствена состојба, а исто така тие се и крајни продукти на метаболизмот на протеините.
АК-те се неопходни за растење и клеточна репродукција во организмот. Неопходни се за ендокрина секреција, создавање на ензими, структурни компоненти и елементи на имуниот систем. Тие ги контролираат биохемиските патишта за секреција на хормони и ензими, и се најголем дел од составните компоненти на крвта, мускулите, кожата, внатрешните органи , потребни се за мозочната функција и активност на жлездите. Одредена функција на имуниот систем зависи од присуство на одредени амино-киселини. Со други зборови тие претставуваат “биохемиски прекинувачи” што го контролираат метаболизмот и функцијата на организмот.
Горенаведените амино-киселини се содржат во Апханизоменон Флос - Аљуае (АФА) алгите. Прикажаниот график укажува на тесната поврзаност на АФА алгите и амино-киселините од кој се гледа дека нивото на амино-киселините кај човекот и АФА алгата е приближно исто, а тоа значи исклучително лесна асимилација и воспоставување на баланс во организмот.
За добро здравје конзумирајте АФА алги и бидете успешни во работата.
ЕЛИЗАБЕТА СТАЈИЌ
САМОСТОЕН ИСТРАЖУВАЧ
Aqua Source
Aqua Source

Број на мислења : 3
Join date : 2009-05-12

http://www.aquasource.net.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот