Зошто го сакам супермен!
Страна 1 of 1
Зошто го сакам супермен!
Го гледал ли некој филмот Супермен? Кој не го гледал, нели. Тој суперхерој кој секогаш ја спасува планетата Земја и се разбира си ја сака и и е верен на неговата девојка Лоис Лејн. Па, Супермен и незнае да лаже, тој е потполно е искрен. Но, она што ме фасцинира кај него не е неговата сила, да крева авиони или способноста на неговите очи да гледа и преку ѕид туку способноста да сака и безрезервно да им помага на другите, поточно неговата благородна душа. Тој и себеси ќе се доведе во опасност за да спаси друг, во такви случаеви воопшто и не размислува за себе. Што ќе му е силата на Супермен ако цел свет не го сака, а особено ако не го сака неговата девојка, ништо не му вреди силата, ќе седи на еден облакодер и ќе биде тажен, во такви случаеви воопшто не му вреди силата. Но, се разбира, Супермен беше мој херој до пред две-три години, иако и сега уживам да го гледам неговиот филм, сепак не толку, но, она што од него го научив се врховните вредности. Значи, благородноста е највисока вредност, а за мене посебно тоа е многу важно, иако животот ја покажува другата страна од лицето.
Па , луѓе сега гледајте го новиот филм на Индијана Џонс би требало да е интересен. Поздрав Кики.
Kiki2008painter- Број на мислења : 7
Join date : 2008-05-25
Age : 44
Местолокација : Macedonia
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот