Aristotel vo Filozofijata

Go down

Aristotel vo Filozofijata Empty Aristotel vo Filozofijata

Пишување  Darko Donchev on Сре Фед 20, 2008 10:01 pm

Аристотел (384 п.н.е., Стагира, Македонија – 7 март 322 п.н.е., Халкида) бил македонски философ. Заедно со Платон, тој се смета за еден од најзабележителните мислители на само во античката, туку и во европската философија.

Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од философијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логистика, псохологија итн. Напишал многу книги од интерес за логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“, „Механика“, „Метеорологија“ и други.

Бил воспитувач и учител на Александар Македонски, потоа во Атина отворил своја школа наречена Ликеј. Со тоа тој и формално раскрстил со учењето на Платон, велејќи: „Платон ми е драг , но вистината подрага.“ За разлика од Платон, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот? итн.

Аристотел ја определува философијата како наука за постојното како постојно (онтологија). Таа треба да го опише постојното независно од ваквите или онакви негови пројави, а потоа да го објасни.

За Аристотел сè што постои претставува единство на материја и форма. Меѓутоа, Аристотел апстрахира материја без форма или, како што тој ја вика прва материја. Таа е општ материјал од кој се гради сè. Кога првата материја на некој начин ќе се оформи тогаш се добива втора материја. Секоја втора материја (секое постојно), како единство на материја и форма, може да биде материја за некоја друга форма, на пример, глина за тула, тула за куќа, куќа за улица, улица за град итн. Колку е пооформена некоја ствар, таа има помалку материја, а повеќе форма. Чистата форма е без материја. Таа форма е всушност Бог, прв двигател, во исто време неподвижен двигател, зашто ако се движи не ќе биде прв, туку ќе има некој попрв од него кој ќе го движи што е противречно на прв двигател. Чистата форма е исполнета со некаква нематеријална содржина, имено со мисла која себеси се мисли. Аристотел смета дека познанието нужно почнува со сетилното восприемање, па преку претставување и искуство оди до научното познание. Меѓутоа, за да ја реши тешкотијата што се појави и кај мислителите пред Платон, имено онаа за единството на општото и поединечното, Аристотел направи скок: општото и нужно знаење, како што е научното, тој го става во врска со неподвижниот двигател (чистата форма, Бог) преку рационалната душа, која му е својствена само на човекот. А постои и растителна и анимална (животинска) душа, кои, за разлика од рационалната душа која е чисто духовна, се телесни, па зависат од состојбата на телото на растенијата и животните. За Аристотел слободниот човек наоѓа врвна потврда на себеси во политичката дејност каде се здобива со слава и признанија, а најдобра форма на политичко водство е политиката во која владеат најспособните и морално најиздигнати граѓани од средниот слој на населението.
Darko Donchev
Darko Donchev
Administrator
Administrator

Број на мислења : 23
Join date : 2008-02-18
Age : 32
Местолокација : Reims-France

Преглед на профилот на членот http://krug.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот